Дачиќ: Најдобро е да се подели Косово

Од:

Мандатарот за новата српска влада Ивица Дачиќ убеден е дека поделбата на Косово е едно од најдобрите можни решенија , но не е сигурен колку оваа тема е актуелна за меѓународната заедница и за Албанците.

Дачиќ изјави дека не разговарал со претседателот на Србија, Томислав Николиќ за неговиот план за Косово.

Дачиќ во интервјуто за Дојче веле за време на посетата на Брисел, кажа дека во односите на Србија со Европската Унија единствено прашањето за Косово останува спорно.

„Постои општ дел кој се однесува на општиот напредок на Србија и ќе биде дефиниран во извештајот на Европската комисија во октомври. Независно од тоа, до декември ќе мора да се завршат прашањата околу Косово“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Откриена е голема измама, жртвите останале без милиони евра

Горан Наумовски

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски