Кинеската армија изведе воени вежби во близина на Тајван

Од:

Кинеската војска соопшти дека извела вежби за слетување и напад на плажа на место кое е наспроти Тајван, но додаде дека вежбите немаат никаква врска со моменталните тензии во регионот.

Тајван, островот за кој Кина тврди дека е нејзина територија, го осуди зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да ја прифати кинеската власт, пренесува Фена.

Дневниот весник на кинеската армија во краток извештај наведува дека вежбите биле изведени „во последните денови“ во јужниот дел на провинцијата Фуџијан.

Во операцијата учествувале различни воени единици, вклучувајќи снајперисти и експерти за бродови, пишува кинескиот воен весник.

Војниците биле поделени во неколку групи, за да ја освојат плажата и потоа да извршуваат борбени мисии во различни фази.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски