Приведено лице во Синѓелиќ барано по централна потерница

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е приведено лице кое било барано со потерница.

„Денеска (11.10.2021) во 14.30 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги и Единица за интервентна полиција во с.Сингелиќ го лишија од слобода Н.Р. (30) од Скопје. За него биле распишани Централна потерница и наредба од Основен Суд Скопје во врска со чл.396 (недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи) и чл.288 (Предизвикување општа опасност) од Кривичниот законик и се бара за издржување на затворска казна од 2 години и 3 месеци. Н.Р. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он