Неисправен метален дел од пренасувачот на пругата на која се движел возот Париз-Лимож во железничката станица Бретињи-сур Орж е причината за несреќата во која животот го изгубија шест лица, јави дописникот на МИА од Париз.
Ова го соопшти претставник на државнат железница СНЦФ за медимуите.
– Станува збор за еден вид на метална лајсна која ги поврзува двете шини на пренасувачот, таа се откачила и излегла од лежиштето, објасни Пјер Изар генерален директор на инфраструктурите на СНЦФ по првучните констатации на местото на несреќата во текот на ноќта.
СНЦФ најави дека ќе ги конторлира сите други 5.000 вакви делови од пренасувачите низ цела Франција. Министерот за транспорт Фредерик Кувилие денес е на станицата на Лион во Париз каде им оддава почит на шесте жртви во несреќата во која имаше трисесетина повредени од кои осум во тешка положба. Меѓу загинатите четворица се мажи и две жени на возраст од 19 до 82 години.
Идентитетот на жртвите не е познат. Брзата реакција на машиновозачот на композицијата кој ја вклучи тревогата со што беше запрен возот кој доаѓаше од спротивната страна спречи поголема катастрофа. Здружението на корисниците на услугите н СНЦФ ја обвинија железницата дека користи „возови корпи за ѓубре“, односно дека истите се застарени и дека возниот парк не е секогаш исправен.
За истрагата се задолжени дваесетина лица од правосудната полиција од Версја, како и и централната служба за судска идентификација во департманската безбедност од Есон, под надлежност на обвинителството од Есон.