Тајсон Фјури го задржа шампионскиот појас во бокс во тешка категорија во ВБЦ верзијата откако во третата меѓусебна борба дојде до вториот триумф над Деонтеј Вајлдер.
„Циганскиот крал“ го нокаутираше противникот во 11-та рунда, и го комплетираше пресвртот, откако во првата половина од борбата Американецот двапати го урна на земја Фјури.
Во третата рунда Фјури прв го доведе Вајлдер во нокдаун, но во следната рунда се случи пресврт, и судијата двапати му броеше на Фјури кој беше во голем проблем. На Фјури добро му дојде паузата помеѓу четвртата и петтата рунда, па од таа петта до последата 11-та рунда, Британецот беше подобар и целосно доминираше. Во 11-тата рунда, Вајлдер веќе не можеше да продолжи, а исто како и на нивниот претходен меѓусебен дуел, му потече крв од ушите, и судиите тука прогласија крај на мечот.
Сега Фјури го чека борба против победникот од пресметката на Дилијан Вајт и Ото Волин, а можно е да има и негова пресметка против Олександр Усик.