Илјадници демонстранти маршираа денеска на улиците на Рим во знак на протест против владината уредба со која од следната седмица за одење на работа ќе биде задолжителна вакцинација или негативен ПЦР тест.
Во Италија, вакциналниот сертификат познат како „зелена пропусница“ почнува да важи од 15. октомври и за државните институции и за приватните компании.
???? As the sun goes down in Rome, hundreds of extra Italian police called in and anti Coronavirus tyranny protesters are being hit hard again! pic.twitter.com/hv5kMsOvnO
— Original@realAvokäsiAnssi™️⚡️Whistleblower (@avokasianssi) October 9, 2021
Демонстрантите одржаа бучен, но дозволен протест на еден од плоштадите во градот, но потоа тргна кон блискиот парк што било недозволено движење и се судрија со полицијата.
Полицијата ги блокираше демонстрантите да поминат покрај улицата каде што се наоѓа канцеларијата на премиерот Марио Драги, но еден група од од луѓето што протестираа успеа да се пробие за за малку ќе стигнеше до работното место на премиерот.
Rome today?? pic.twitter.com/XTTgS5WY3i
— Primordilian Frenso???? (@Primordilian) October 9, 2021
Тогаш полицијата употреби водени топови и го спречи обидот на демонстрантите да влезат во седиштето на италијанската влада.
Државната телевизија РАИ јави дека имало помалку од 10 илјади лица, додека организаторот на протестот тврди дека на демонстрациите имало 100.000 луѓе. Едно лице е повредено.
De politie treedt met geweld op tegen demonstranten die zich bij het parlement in #Rome hadden verzameld. De situatie is nog steeds erg gespannen in de straten van de hoofdstad. https://t.co/qUNQI6rAS2
— Social Outcast (@AntiSocialLose2) October 9, 2021
На протестот пристуствувале и припадници на екстремно-десничарската група Форца Нова.
Протести денеска имаше и во Милано и во Торино.
До денеска во Италија 80 проценти од лицата над 12 години имаат примено две дози вакцина.