Поранешен премиер на Франција основа партија заради поддршка на Макрон на изборите

Од:

Поранешниот француски премиер Едуар Филип основаше партија, наречена „Хоризонти“, со цел да ја прошири поддршката за претседателот Емануел Макрон кон десно пред претседателските избори закажани за пролетта 2022 година.

Филип, кој е градоначалник на Авра на север, беше премиер од мај 2017 до јули 2020 година.

Тој пред неколку пратеници ги претстави основните насоки на новата партија и вети дека ќе го поддржи центристот Макрон доколку се кандидира на претседателските избори.

Според него, партијата ќе има логика на партнерство и собирање со јасна поддршка за Макрон, така што следните пет години, колку што трае претседателскиот мандат, ќе бидат „корисни години“ за Франција.

„Мојата цел во 2022 година е многу јасна, а тоа е претседателот Макрон да биде реизбран“, рече Филип, за кого многумина мислеа дека самиот ќе се кандидира за претседател.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат