Локални медиуми: Партијата на Бабиш води со 31 отсто на парламентарните избори во Чешка

Од:

„Акцијата на незадоволните граѓани“ (АНО), предводена од премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш, победи на изборите за Долниот дом на Парламентот, кои завршија денеска напладне, објави весникот „Млада фронта Днес “.

По пребројувањето на првите 4 отсто од гласовите, АНО води со 31 процент од гласовите. Според излезните анкети, Движењето убедливо води над своите ривали. Разликата е значајна и според политиколозите, што сериозно ќе влијае на конечниот резултат и ќе го потврди успехот на Бабиш, кој се обидува да ја задржи премиерската функција.

Долниот дом на парламентот ќе влез и партиската коалиција Заедно, која ја вклучува десничарската Граѓанско-демократска партија, Демохристијанските демократи и партијата „Традиција, одговорност, просперитет 09“ со освоени 23,9 отсто од гласовите. Лево-либералната Пиратска партија, која влезе во коалиција со „Градоначалници и независни“, доби 12,4 отсто од гласовите. Партиите Слобода и директна демократија (10,5%), Чешката социјалдемократска партија (5,3%) и граѓанското движење Заклетва, исто така, успеаја да го надминат прагот од 5 отсто за влез во Парламентот.

Според податоците, излезноста во земјата била 62 отсто.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски