Мицкоски: Јас и граѓаните од Заев не очекуваме датум за почеток на преговори, од него очекуваме само да потпише уште еден бел лист хартија

Од:

Јас од Зоран Заев не очекувам ништо. Од Зоран Заев очекувам да потпише уште еден бел лист хартија, а од другата страна да седнат и да си искуцаат што сакаат да содржи тој договор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски запрашан од новинарите после средбата со граѓаните во Прилеп, дали очекува претседателот на владата, Зоран Заев да донесе датум за почеток на преговори со Европската унија.

Мицкоски истакна за да се донесе датум за преговори со ЕУ, најпрвин треба да сте економски силни, во државата да владее правото, да се има бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, а не полициски функционери во други држави да ви ги фаќаат како шверцуваат дрога и луѓе со наполнети торби од рекет да шетаат по судството и обвинителството.

„За да донесете датум, најпрвин треба сте економски силни, да владее правото, да имате бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, а не полициски функционери да ви ги фаќаат како шверцуваат наркотици и недозволени средства. Да не ви шетаат Луј Витон торби во обвинителството и судството, да работите многу за народот, народот да ви верува“, рече лидерот Мицкоски.

Тој додаде дека, само така се зголемува позицијата за да добиете на достоинствен начин датум за почеток на преговори и доколку сето ова е ваша слабост, дотолку повеќе ќе ви бараат да правите отстапки и да бидете недостоинствени.

„Не очекувам ништо од Зоран Заев, ниту пак мислам некој во Македонија очекува од Зоран Заев. Јас не знам таков човек кој што денеска во Македонија очекува нешто од Зоран Заев, освен многу криминал, многу корупција, многу предавства, недостоинство и сето она кое што го гледаме изминативе 52 месеци“, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ