СДСМ Скопје: Арсовска и Славески беа глас на олигарсите на ВМРО-ДПМНЕ и против покачување на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари

Од:

На целокупната македонска јавност и е познато дека кандидатката за градоначалник Данела Арсовска заедно со поранешниот министер за финансии на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески беа најгласни против покачување на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари. Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади денари како „вештачко зголемување на минималната плата“, реагира СДСМ Скопје на изјавите на Данела Арсовска и Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Арсовска тврдеше дека „Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар“. Арсовска доби гласна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во ставот против зголемувањето на минималната плата од 9 илјади на 15 илјади. На истата ТВ дебата кога Арсовска го оцрнуваше зголемувањето на минималната плата како „вештачко“, нејзиниот сегашен носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески јавно предупредуваше „немојте да ја зголемувате минималната плата“ и ја заплашуваше јавноста дека покачувањето на минималната плата ќе донесе „нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови“.

Данела Арсовска сеуште смета дека зголемувањето на минималната плата е вештачко и дека не е добро, а Трајко Славески вчера кажа дека зголемувањето на платите било „неморално“. Има ли поголем апсурд од тоа што Данела Арсовска смета дека 15.000 денари плата не е достојна за живот, а беше против „вештачкото“ зголемување на минималната плата од 9 на 15 илјади денари? Притоа, Арсовска ја дезинформира јавноста дека минималната плата доведувала до намалување на работни места, и тоа кога во моментов имаме најниска стапка на невработеност.

Нема ништо потрагично од тоа што Данела Арсовска зборува против олигарси, кога јавноста знае дека таа лично го има предложено олигархот Сеад Кочан за свој заменик во ССК. Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле глас на работниците и малите претпријатија, туку глас на урбаната мафија и олигарсите на Груевски.

Данела Арсовска и Сеад Кочан никогаш не биле за „модерно Скопје“, туку за „Барокно Скопје 2014“ – токму фирмата на Сеад Кочан градеше милионски барокни фасади во „Скопје 2014“ и ја изгради катастрофалната фонтана-прскалка во центарот на Скопје за над 2.5 милиони евра!

Наспроти олигархијата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја покачи минималната плата и ја зголеми просечната плата за околу 100 евра и вети покачување на минималната плата на 300 евра од 1 јануари 2022“, се вели во реакцијата на СДСМ Скопје.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска