На територијата на град Скопје, вчера при акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14, осум санкции за непрописно престигнување и обиколување, 10 за возење без возачка дозвола и четири за минување на црвено светло.
Од МВР соопштија дека се изречени и пет мерки за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, 36 мерки за непрописно паркирање.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.