Мафијашкиот лидер Пјетро Лабате, еден од најбараните бегалци во Италија, е уапсен по повеќе од две години бегство, соопшти денеска италијанската полиција.
Лабате (62) од моќниот клан Ндрангета е откриен во Реџо Калабрија, по долготрајна истрага на полицијата, се наведува во соопштението.
Во јули минатата година, тој во отсуство е осуден на 20 години затвор за изнуда и уценување. Ндрангета е една од четирите големи групи на организиран криминал во Италија, која се занимава со трговија со оружје и дрога, претежно кокаин, а нејзиниот годишен профит се проценува на повеќе од десетици милијарди евра.