Законски измени за активирање на избришаните винарници од регистарот

Од:

Можност  за впишување во регистарот на производители на вино за винарските визби што претходно беа избришани од него заради неисполнување на законски пропишаните услови,  предвидува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вино, што го усвои Владата на последната седница.

– Законот се носи затоа што воспоставениот регистар на производители  ги исполни целите  за кои беше воведен и да се даде  дополнителен придонес кон пазарот на вино  и грозје во пресрет на претстојната откупна сезона и дополнителна шанса на винарските визби што од разни причини не биле во можност да  останат во рамки на регистарот, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Мерката, истакна, е  донесена во консултации и согласност  на лозарите.

Според Ѓорѓиев, поголемиот дел од впишаните винарски визби  во регистарот ги подмириле обврските кон лозарите, а во текот на годинава се избришани четири.  До 30 април годинава не доставиле потребниот  финансиски извештај до министерот за земјоделство, или пак доставиле извештај во кој наведеле  дека не ги подмириле во целост обврските кон лозарите.

 – Според нашите информации,  во меѓувреме, субјектите што беа избришани ги имаат сервисирано обврските кон самите лозари, но ќе видиме дали е тоа вистина со поднесувањето на документите до министерот за земјоделство. Од нив во претходни консултации е добиена  позтивна согланост и волја во целост да ги завршат сите законски услови за да можат да бидат повторно впишани во регистарот,  рече Ѓорѓиев.

Тој најави дека по донесување на законот во период не подог од  90  дена избришаните винарските визби од регистарот на производители на вино ќе можат да поднесат документација за да бидат впишани повторно. Притоа, истакна Ѓорѓиев, треба да исполнат два сериозни услови.

Треба да поднесат комплетна  финансиска документација до Министерството за земјоделство дека во целост ги подмириле сите обврски кон лозарите,  а кои ги вклучуваат основниот долг што го имале, но и законски затезна  камата согласно Законот за облигациски односи кој  ќе се пресметува од 30 април кога требало да  ги имаат сервисирано обврските, до моментот кога ги подмириле. На сметка на државниот Буџет, пак, треба да уплатат 10 проценти од сумата што  не ја подмириле кон лозарите  на 30 април во тековната година кога и биле избришани од регистарот, наведе владиниот портпарол.

Целта на  воведувањето на регистарот на производители на вино беше да се надмине повеќедеценискиот предизвик од неможноста за исплата на дел од обврските кои ги имаа винарниците кон лозарите. Впишувањето на винарска визба во регистарот значи можност да настапува во економско правниот пормет, да откупува згрозје и да произведува вино.

За да остане во регистарот винарницата е задолжена најдоцна до 30 април во тековната година да ја исплати  целосната сума пари што ја должи кон лозарите за грозјето што го откупила од нив. Во спротивно, согласно Законот, винарската визба се брише од регистерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8