Студентски саем на книгата ќе се одржи во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 13 до 15 октомври.
На саемот, како што најавуваат од НУБ „Св. Климент Охридски“, ќе може да се набават учебници/прирачници и друга стручна литература по саемски цени.
По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици како и современи белетристички дела од светски и домашни автори, а ќе се врши и зачленување на нови корисници.