ЕК прифати граѓанска иницијатива за заштита од 5Г мрежата

Од:

Европската комисија ја регистрираше граѓанската иницијатива за подобра заштита против можни штетни последици од 5Г мрежата во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Иницијативата наречена “Стоп за 5Г, останете конектирани, но заштитени“ доби зелено светло од Европската комисија откако беше оценето дека ги исполнува сите критериуми, иако тоа не значи дека Комисијата се согласува со содржината на барањата на граѓанската иницијатива.

Петицијата поднесена од групи граѓани во ЕУ бара од Европската комисија подобра проценка и законодавство против можни штетни радијации кои би произлегле од инфраструктурата потребна за 5Г мрежата врз луѓето и врз животната средина. Граѓаните бараат и посилна заштита против кибер криминалот и можноста за крадење на личните податоци на интернет корисниците преку оваа мрежа.

Европската Комисија не се произнесе за содржината на петицијата и допрва ќе ја анализира.

Со прифаќањето на оваа иницијатива организаторите сега имаат една година да соберат еден милион потписи од најмалку седум земји членки на ЕУ за Европската Комисија да реагира и детаљно да ги анализира барањата.

Доколку се соберат потребните потписи, Европската комисија може да одбие да делува по барањата на граѓаните, но тие имаат право да побараат од Комисијата да ја аргументира својата одлука.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он