ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов во отсуство на проекти ги копира тие на Данела и Коце Трајановски, кружниот тек кај Момин поток е проект на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Шилегов во отсуство на свои проекти доследно ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ. До вчера ги копираше проектите на Данела Арсовска, па половично ги предлагаше како свои, а сега промовира проекти кои Коце Трајановски ги промовираше во 2017 година, а за кои уште тогаш имаше и проектна документација, за што постојат и видео записи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов.

„Тоа што Шилегов направи е стопирање на сите овие проекти. Четири години беа сосема доволни да се реализираат, но Шилегов ништо не направи.

Вчера беше „Лимак“, а денес е турбо кружниот тек кај Момин поток. Турбо кружниот тек кај Момин поток е решение осмислено од Коце Трајановски, со систематско вградување на кружен тек и натпатник, со што се избегнува тесното грло кое сега го има во тој дел од Скопје.

Шилегов 4 години го кочеше овој проект, за сега да го нуди како свое решение. Шилегов ќе остане запаметен како најнеуспешниот и најнеспособниот градоначалник кој Скопје некогаш го имало.

Еден свој проект нема направено, а како најголемо негово дело ќе остане лагата за тунелот под Кале. Скопје има потреба од вистински проекти и дела, и тие ќе ги има со промената на власта по 17-ти октомври“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ