Седум лица загинаа, а 15 беа ранети во напад со автомобил-бомба врз конвој на мировните сили на Африканската унија покрај Могадишу, јави ДПА.
– Бомбата очигледно не ја погодила целта, со оглед на тоа што сите убиени и ранети се цивили, изјави претставник на сомалиските власти.
Нападот е извршен во регион, каде се наоѓаат претставници на Обединетите нации, чиј објект беше нападнат минатиот месец, кога загинаа повеќе од 12 лица. Одговорноста за тој напад ја презеде исламистичката групација Ал Шабаб.
Засега никој не ја презел одговорноста за денешниот напад.