Казни за 209 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Од:

Вкупно 209 казни се изречени на територијата на Град Скопје, во текот на вчерашниот ден, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, во рамки на засилените сообраќајни контроли.

Од МВР денеска информираа дека од нив, 11 санкции се за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири за непрописно престројување, пет санкции за некористење сигурносен појас, 81 мерка за непрописно паркирање, стои во соопштението и се додава дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава