Општина Центар го обнови дрворедот на улицата „Орце Николов“

Од:

Во текот на вчерашниот ден, службите на Општина Центар ги засадија новите садници на местата на старите, шупливи и болни стебла кои се отстранија при реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, информираат од Општината.

„Засадени се 15 веќе подраснати стебла јавори, од видот Acer Campestre, од контејнерско производство, високи над 4 метри и со обем на стебло од 22 до 26 сантиметри. На почетокот на јуни Општина Центар ги отстрани старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината, кои бараа да бидат отстранети затоа што при секое поголемо невреме имаше опасност од нивно паѓање и нанесување штета“, се вели во соопштението на Општина Центар.

„Новите дрва во годините што следат повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов“.

Со ова, Општина Центар става крај на шпекулациите за наводно проширување на коловозот или на објектите на улицата. Според проектот за реконструкција на „Орце Николов“, зеленилото на улицата е зголемено за 20% од пред реконструкцијата“, велат од Општината.

„Покрај јаворите, во долниот дел ќе се засадат и ниски грмушасти садници, кои освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата, ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот“, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов, нема ниту градежен инспектор да ги брои

А1он

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он