Холандски суд го отфрли барањето за укинување на ковид-пропусниците

Од:

Холандски суд денеска го отфрли повикот за укинување на „ковид-пропусниците“, потребни за влез во ресторани, барови, музеи, театри и други јавни места во Холандија.

Суд во Хаг наведе дека Владата била во право кога побарала да се достават докази за вакцинација против Ковид-19 или негативен тест за коронавирус за да се ограничи ширењето на коронавирусот, откако повеќето други мерки беа укинати минатиот месец.

Според Судот, владата убедливо ставила до знаење дека невакцинираните луѓе имаат поголем ризик да заболат од коронавирус и други инфекции. Тие го отфрлат тврдењето на противниците дека правилата ги дискриминираат оние што не сакаат или не можат да се вакцинираат. Владата воведе ковид-пропусници кон крајот на минатиот месец, и покрај силното противење во парламентот.

Би можело да ве интересира

Од недела за Македонците влез во Холандија со сертификат за вакцинација, негативен тест и карантин

Катерина Ѓуровски

Делта-сојот стана доминантен во Германија и во Белгија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Холандија се враќа во нормала, отворени музеите, театрите и рестораните

Училиштата и фризерските салони во Холандија повторно отворени, полицискиот час останува

ВИДЕО: Демонстрантите против полицискиот час оставија хаос низ холандските градови

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хаос во Амстердам поради новите мерки, полицијата со водени топови ги растера демонстрантите