ВМРО-ДПМНЕ: Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз

Од:

„Благодариме што Шилегов макар делумно го поддржа проектот на Данела, но сепак Данела ќе спроведе целосен јавен превоз. 10 дена ја напаѓа Данела дека е невозможно, а сега, во среде кампања и тој го ветува истото“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Градска организација на СДСМ.

„Неискрено и потценувачки за граѓаните. Знаеме дека Шилегов нема идеи, и не знае што да прави, но лицемерие е прво да се напаѓа нешто, а после да се предлага половично како свое.

Шилегов веќе е свесен дека напразно ги потроши четири години мандат. Тој ќе остане запаметен како најнеспособниот градоначалник на Скопје. А неговиот тунел под Кале сите ќе не потсеќа на времето кога од ракав се тресеа ветувања без реално да се размислат.

Колку и да ги краде и копира ветувањата на Данела, на скопјани им е јасно со Шилегов нема иднина, со Шилегов нема проекти.

Данела има визија и конкретна програма, Петре има само арогантна желба да остане политичар. Но тој е само мафијаш кој мести тендери“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ