Нечас смета дека аферата со неговите соработници е монтиран политички процес

Од:

Поранешниот чешки премиер Петр Нечас, кој поднесе оставка по притворањето на неговата најблиска соработничка и уште шест лица заради противзаконско прислушување и корупциска афера, смета дека целиот случај е монтиран политички процес.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Нечас смета дека нема причина за одземање на неговиот имунитет и ја критикуваше полицијата за водењето на целата постапка. Нечас е осомничен дека на тројца пратеници од неговата Граѓанска демократска партија (ОДС), кои не сакале да гласаат за битни закони од владин пакет, им ветил други функции доколки се откажат од пратеничките мандати.

Нечас, претходно изјави дека не бил склучен никаков договор за оставка на пратениците во замена за други функции. Поради вмешаноста на шефот на неговиот Кабинет, Јана Нагиова во коруциската и афера на прислушување на неговата сопруга и други лица, Нечас поднесе оставка на премиерската и лидерската функција.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица