ВМРО-ДПМНЕ: Ако некој е коалиционен партнер на СДСМ не значи дека треба да биде ослободен од примена на законот

Од:

СДСМ реагира исклучиво од партиски и политички интерес. Скандалозно е тоа што сеуште при непрочитана и неанализирана пресуда излезе и даде оценка. Тоа покажува дека за нив не се важни доказите, ниту аргументите, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на СДСМ.

– Секогаш кога висок функционер на СДСМ или нивен коалиционен партнер има проблеми со законот, СДСМ реагира и се противи без разлика што во такви случаи лицата често се обвинети или осудени за тешки кривични дела.

– Ако некој е висок функционер на СДСМ или нивен коалиционен партнер не значи дека треба да биде ослободен од примена на законот, посебно кога таквите лица се извршители на тешки кривични дела, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека нема намера да се впушта во полемика за судска пресуда.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито