Волво планира до крајот на годината да котира на Стокхолмската берза

Од:

Раководството на шведскиот производител на автомобили Волво планира до крајот на годината да котира на Стокхолмската берза.

Демонстрирајќи дека ги следи модерните трендови на производство и берза, Волво ќе создаде нов заеднички деловен субјект со четири години стариот произведувач на електрични автомобили, Полестар, кој во голема мера е поддржан од кинескиот Гили (Geely).

Според локални медиуми, новата компанија ќе има комбинирана пазарна капитализација од околу 20 милијарди долари, со планови да се соберат околу 2,9 милијарди долари преку ИПО продажба на почетните акции, јави Блумберг.

Волво и Полестар ќе имаат еднаков удел во новата компанија.

Познатата шведска компанија минатата година продаде околу 720.000 возила, додека Полстар ќе ја заврши 2021 година со 10.000 продадени возила. Волво планира двојно да го зголеми бројот на продадени автомобили и камиони до 2025 година, со голема промена кон производството на електрични модели.

Планираното ИПО ќе биде најголемото од 2000 година во Шведска и котирањето на телекомуникациската компанија Телиа, која тогаш инкасира 8,9 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Волво ќе отпушти 4.000 работници поради пандемијата

Жарко Настоски

И Волво почна да произведува заштитни маски за здравствените работници кои се борат против коронавирусот

А1он

„Волво“ повлекува милион возила, се топат делови од моторот

ВИДЕО: Автономниот концепт на Волво – повеќе од обичен автомобил

Наум Локоски

„Волво“ во иднина нема да произведува нови дизел модели

Наум Локоски

Шеста ноќ немири во преградијата на Стокхолм

Емир Латифовиќ