Преместувањето на „Коста Конкордија“ ќе чини двојно повеќе од очекуваното

Од:

Преместувањето на бродот „Коста Конкордија“ од карпите крај островот Џилио, каде тој се преврте во јануари 2012 година, ќе чини 500 милиони евра или двојно повеќе од првичните прооценки, јави ДПА, повикувајќи се изјави на сопствениците на пловилото.

Планирано е накосениот брод да биде исправен во септември, по што ќе биде одвлечен до друго пристаниште во Италија и размонтиран.

Во јули 2012 година компанијата сопственик на бродот, „Коста Гросиере“, соопшти дека преместувањето ќе чини 236 милиони евра додека во јануари проценката беше зголемана на 400 милиона евра.

Локалните жители немаат трпение да се ослободат од насуканиот крузерен брод, забележува ДПА. Според нив, тој претставува злокобна глетка и закана за локалниот туризам.

„Коста Конкордија“ се преврте на 13 јануари 2012 година, при што загинаа 32 лица, а останатите над 4.000 патници и членови на екипажот беа евакуирани.

Судскиот процес против капетанот на бродот Франческо Скетино се очекува да почне на 17. јули.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски