Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди

Од:

Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција со време на нови државни рекорди минаа први низ целта на Скопскиот маратон што денеска се одржа нив улиците на македонската престолнина.

Во конкуренција на околу 150 учесници во дветеконкуренции, Поп Арсова ја истрча маратонската трка во време 2:40:36 часа, додека Ивановски триумфираше со време од 2:21:27 часа.

Вторите места ги освоија Силвија Јукаила од Еквадор и Младен Стевановиќ од БиХ, додека како третопласирани завршија Билјана Кираџиева и Германецот Давид Перлич.

Во полумаратонската трка триумфираше Бугаринот Ценков со време 1:09:10 час, додека во женска конкуренција прва низ целта мина Србинката Ристиќ (1:26:09).

Би можело да ве интересира

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи

Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

18. издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Ана Ололовска

Шилегов: Скопје покажува дека е европска метропола, голем домаќин и професионален организатор на масовен спектакл како Маратонот

Ана Ололовска