Вкупно 265 возачи се санкционирани вчера за брзо возење во рамки на зајакнатата акциска контрола што ја спроведе МВР на територијата на државата.
Од санкционираните, 16 се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 107 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место.
Според МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.