Mеѓународната канцелариjа Инвест Македонија – Тирана, при Амбасадата на Република Македониjа во Тирана, викендов организира туристичка тура низ Западна Македонија.
Тур-оператори и преставници на медиумите од Тирана ќе имаат можност да присуствуваат на неколку уникатни настани што најдобро ја одразуваат традицијата на Македонија, но и културните, историските и кулинарските вредности.
Еден од нив е регионалната манифестација „Денот на огледувачите на овци и кози“ што се одржува осми пат под покровителство на Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на регионалното здружение на одгледувачите на овци на Западна Македонија. Туристичките агенци учеснички ќе можат да остварат директни средби со менаџерите и сопствениците на хотелите. Тие утре и задутре ќе присуствуваат и на Галичката свадба која годинава слави 50. јубилеј и ќе се одржи под покровителство на преседателот Ѓорге Иванов.
Според Канцеларијата на Инвест Македонија – Тирана, организацијата на овие тури кои се под покровителство на управилтелот Фатос Мустафа, создава реални услови за долгорочна соработка меѓу двете земји не само во областа на туризмот, туку и на трговската размена и инвестици. Оваа стратегија, најавува Канцеларијата, ќе продожи да се практикува.
Посетата на Западна Македонија е организирана во соработка со општините Маврово и Ростуше.