Од утре па до наредниот четврток ќе се изведат шест претстави во рамки на годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Организаторите на денешната прес-конференција информираа дека покрај театрите од Македонија ќе гостуваат и театри од Турција, Албанија и Косово.
– Годинава фестивалот ќе го отвори претставата на Гостиварскито театар „11-те разбеснети“ со што се исполни нашата желба од фестивалот да изродиме и театар. Публиката ќе може да види квалитетни претстави со што впрочем дојде со селекцијата, рече Берат Салиу продуцент на фестивалот.
Годинава во големата сала Центарот за култура АСНОМ покрај гостиварскиот, ќе гостуваат ансамблите на Битолскиот театар, Албанскиот театар од Скопје, Државниот театар од Истанбул, театарот „Андон Заку Цајупи од Корча (Албанија) и театарот „Авдуш Хасани“ од Подујево (Косово).
Организаторите напоменаа дека годинешното издание ќе се одвива според пропишаните ковид-протоколи, а во публика ќе може да бидат лица кои имаат сертификат за вакцина.
Оваа година како и на претходните изданија на фестивалот ќе се доделат награди за: актерка и актер, најдобра претстава и режисер.
Сите претстави започнуваат во 20 часот и влезот за публиката е бесплатен.
Директорот на фестивалот „Отело“, Хајдар Хајдари искажа јавна благодарност до првите луѓе од центарот за култура АСНОМ и гостиварскиот театар за соработката при реализацијата и подготовките.
Меѓународниот театарскиот фестивал „Отело“ финансиски е поддржан од Министерството за култура, општина Гостивар спонзори.