Гостиварец приведен за физички напад на невенчаната сопруга и неговите родители

Од:

Гостиварката Е.М. (35) го пријавила неванчаниот сопруг за насилство, кое како што рекла во полиција го спроведувал подолго време.

Според СВР Тетово, семејните несогласувања помеѓу неа и Б.О. (39), кулминирале вчера кога по меѓусебната вербална расправија и кажал да замине од домот и да го остави малолетното дете. Потоа, физички ја нападнал нанесувајќи и видливи повреди. Сакајќи да ја одбранат, се вмешале и родителите на Б.О, но тој ги истуркал и ги затворил во една од собите.

Е.М. телефонски повикала полиција по што било интревенирано. Неколку часа подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во куќата. Во подпокривот пронајден е пиштол „застава“ калибар 6,35 милиметри, а во плакар од спалната, друг пиштол калибар 28, кои ги поседувал без дозвола. Гостиварецот Б.О е приведен и задржан е во Полициската станица Гостивар.

Изминатите шест месеци на поширокото гостиварско подрачје поднесена е една кривична пријава за семејно насилство. Полицијата изготвила и поднела два посебни извештаи.

Во СВР Тетово примени се и 36 поплаки за полесни форми на насилство, за кои пријавителите не барале кривичен прогон за насилниците, туку само усно или писмено предупредување.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп