Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) традиционално го распишува конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година.
Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од ноември 2020 година до крајот на септември 2021 година.
Со оглед на моменталната ситуација со КОВИД-19, пожелно е авторките и издавачите да ги достават книгите во електронска форма на адресата на ДПМ [email protected] (со назнака за конкурсот за наградата „Даница Ручигај“) или да достават по еден примерок во канцеларијата на ДПМ, најдоцна до 15 октомври 2021 година.
Доделувањето на оваа награда е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година.