Бројот на убиства во Италија минатата година бележи намалување достигнувајќи рекордно ниско ниво во изминатите 40 години, јави ДПА.
Истовремено бројот на убиства во земјата е за цели 67,8 проценти понизок во споредба со 1990 година. Во 2012 година во Италија се извршени 526 убиства. Трендот на намалување се задржува и оваа година, така што во првите шест месеци од 2013 година во земјата се извршени вкупно 226 убиства.
Италија во целина е една од земјите во Европската унија со најмал број на убиства, 1 на 100.000 жители додека средниот просек во Европа е 1,9. Овој индекс е многу подобар за Европа, во споредба со САД, каде во 2010 година се извршени 4,8 убиства на 100.000 жители.