Во Србија и денеска над 8.000 заразени и 45 починати

Од:

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 8.171 нови случаи на коронавирус и 45 смртни случаи, што е повторно голем број заразени на дневно ниво. Србија вчера имаше рекорден број од 8.467 заболени на дневно ниво, од 1 декември минатата година, кога беа регистрирани 7.999 новозаболени, јави дописникот на МИА од Белград.

Во последното деноноќие, тестирани се 24.847 лица, од кои 8.171 биле позитивни на вирусот, а 45 лица починаа, така што вкупниот број жртви во Србија изнесува е 8.187, објавено е на веб страницата на Министерството за здравство covid19.rs.

Вкупно во Србија досега се заразени 934.440 луѓе, а во моментов во болниците има 6.241 пациенти, од кои 243 се на респиратори.

Од 8.171 нови случаи на коронавирус, колку што беа потврдени денеска, најголем број е регистриран во Белград – 2.099, додека 16 градови забележаа трицифрен број на нови случаи.

Црвените зони брзо се полнат, а клиничкиот и болничкиот центар „Звездара“ ги наполни своите капацитети за осум дена. Од утре КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во Белград ќе се врати во ковид режимот, а Универзитетскиот клинички центар во Ниш е на работ на капацитетот.

Пет бебиња се позитивни на ковид, од кои најмладото има само шест дена, и тие се хоспитализирани на Детската клиника во КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“, но клиничките слики на овие бебиња се благи и не се опасни по живот.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес во Србија

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Сигурен сум дека надлежните органи ќе утврдат кој е кривично одговорен

Гујон: Мора да се најдат виновниците за падот на настрешницата во Нови Сад

Горан Наумовски

Туркулов: Повредените oд несреќата во Нови Сад се уште се во животна опасност

Горан Наумовски

ВИДЕО: Втората снимка од несреќата во Нови Сад покажува важен детал кој не беше познат досега

Катерина Ѓуровски

Дачиќ: Завршена спасувачката акција во Нови Сад, 14 загинати и тројца повредени