Јохансон: Западен Балкан не е засегнат од предлогот на ЕК за суспендирање на безвизниот режим

Од:

Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, реагираше на документот објавен во ЕУОбсервер утрово во кој се вели дека е доведен во прашање безвизниот режим со ЕУ за источните земји, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање попладнево, Јохансон рече дека Европската комисија предложи алатка за суспендирање на безвизниот режим за земјите што не ги почитуваат своите обврски за реадмисија, но дека земјите од Западен Балкан не се засегнати.

-Имаме нова алатка во раце во визниот кодекс според кој Комисијата секоја година проценува како третите земји соработуваат за реадмисија, и ако тоа не го прават, предлагаме санкции за олеснетиот визен режим кон овие земји, за првпат Комисијата го презентираше летово и сега се процесуира, но ниедна од земјите од Западен Балкан не се наоѓа во нашиот предлог, изјави Јохансон.

Утрово ЕУОбсервер објави дека меѓу земјите членки циркулира интерен документ за да се овозможи враќање на визниот режим за земји чии граѓани не ги почитуваат своите обврски во рамките на договорите за либерализација на визите.

Станува збор најчесто за граѓани од Молдавија, Грузија и Украина, но Франција и Германија, меѓу другите, се пожалиле и на зголемен број на неосновани барања за азил од страна на жители на Србија и Албанија.

Од Европската комисија велат дека повеќе детали за овој документ треба да се побараат од Советот на ЕУ каде заседаваат земјите членки, но дека ваков предлог во Европската Комисија нема.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ