Шилегов: Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти на кои никој не верува

Од:

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Шилегов со реакција за ветувањата на противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти на кои никој не верува и служат за потсмев на социјалните мрежи. Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси. Во отсуство на конкретни решенија што се одлика на лоши и неподготвени кандидати, таа мисли дека со мегаломански ветувања ќе го покрие своето незнаење и безидејност. Утопија се овие ветувања на Арсовска, додека готовиот план за Бас рапид системот се реалност која веќе се реализира“, реагира градоначалникот Шилегов.

Скопјани може да препознаат што е планирано, добро осмислено решение, а што изборен, лош политички маркетинг. Навистина очекував за некој кој се претставува како менаџер да има основен план во програмата и барем базично познавање како се управува со проекти, но Арсовска е лош менаџер кој нема ниту план, ниту идеја за проекти, а има вреќа полна лажни ветувања, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска