Илјадници луѓе маршираа за правото на абортус во Средна и Јужна Америка

Од:

Илјадници жени вчера демонстрираа во повеќе градови ширум Јужна Америка одбележувајќи го Меѓународниот ден на безбеден абортус.

Во Мексико Сити жените маршираа во центарот на градот под засилено полициско обезбедување. Маршови беа организирани и во другите мексикански градови, меѓу кои и Куернавака и Веракруз.

Претходно мексиканскиот Врховен суд ја прогласи за неуставна криминализацијата на абортусот, а потоа Владата најави дека ќе ги ослободат од затвор жените обвинети за прекин на бременоста.

Во Јужна Америка илјадници жени годишно умираат поради абортуси извршени во несигурни услови, а во исто време расте бројот на тинејџерски бремености, како и стапката на сексуално насилство.

Марш се одржа и во Богота. Во Колумбија абортусот е дозволен само во случај на силување.

Жените демонстрираа и во Чиле, каде Долниот дом на Конгресот се согласи да дебатира за предлог-законот за декриминализација на абортусот до 14 недела од бременоста.

Демонстрантите во Сан Салвадор вееја зелени знамиња, барајќи измени на Законот за абортус. Ел Салвадор има еден од најригорозните закони во свет, според кој не е дозволен абортус дури и во случај на силување или ако е во опасност животот на жената.

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, претходно целосно ја отфрли можноста за какви било измени на Законот за абортус. Во земјата некои жени се осудени до 40 години затвор за кршење на Законот.

Во повеќе од 20 држави во Јужна Америка се уште целосно е забранет абортусот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори