(ВИДЕО) Стоилковски: Шилегов молчи дали е Петре профитер?

Од:

„Три дена Петре Шилегов, градоначалник во заминување на Скопје, молчи за аферата „Профитер” – милионска афера за местени тендери. Тендери на кои што нема економски натпревар меѓу компаниите. Шилегов нема објаснување како одеднаш големи градежни фирми немаат интерес за тендери, да речеме од 3 милиони евра колку што изнесуваше тендерот за Пластичарска“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов нема објаснување како одеднаш цените на понудата се три пати повисоки, а никој не сака да ги намали?

Шилегов нема објаснување како одеднаш фирми пријавени на тендер, кои што подготвиле тендерска документација, не учествуваат на лицитација, односно не ја намалуваат цената.

Шилегов нема објаснување како одеднаш по аукции на кои и до 50% паѓале цените за работа, сега одеднаш нема интерес за намалување на цената.

Шилегов нема објаснување како одеднаш договорите се исти како нереалните и проценки на Град Скопје.

Шилегов нема објаснување како одеднаш компаниите знаат кој тендер за која фирма е?

Шилегов нема објаснување како одеднаш фирмите знаат колкава е нереалната проценка на тендерот?

Шилегов нема објаснување како одеднаш фирмите знаат кој смее, а кој не смее да лицитира на тендерите на Град Скопје.

Шилегов нема објаснување како на толкав тендер од 3 милиони евра да има и анекс од 300.000.

Шилегов нема објаснување како одеднаш за четири години го зголеми својот имот за половина милион евра со плата од Град Скопје?

Шилегов нема објаснување дали е Петре Профитер!

Почитувани, нема ништо полошо од СДСМ за Скопје, нема полошо од Шилегов!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски