Вкупно 121 сообраќајна мерка се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции.
За возење без возачка дозвола, како што соопштија денеска од МВР, изречени се 12 санкции, а шест прекршоци кои ги чинат возачите на мотоцикли.
– Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, пет прекршоци од пешаци, 50 за непрописно паркирање, стои во соопштението.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.