ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака седница за пописот, а не сака за одговорноста на Филипче за 14 загинати во Тетово

Од:

„Власта сака да одржи седница за продолжување на пописот, а бега од седница за одговорноста на Филипче за 14 загинати во Тетово. Како тоа СДСМ и ДУИ можат да поддржат седница за се, само не за усвојување на оставките на Филипче и Хасани“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„14 луѓе ги загубија своите животи. 14 семејства се завија во црно, и по неколку недели се уште не се знае ниту кој е причинител за несреќата, а ниту пак има одговорност, дури ниту политичка.

Истрагата е заглавена, а главните виновници се во власта кои не сакаат да излезе вистината. Се уште нема одговор за тоа како се запали болницата во која загинаа 14 лица. Зошто болница немала ПП заштита? Зошто немала доволно персонал, зошто имало пур панели наместо сигурносна изолација. Зошто Филипче наместо безбедност му биле важни провизии“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ