Ројтерс: Европската Унија веќе не им гарантира членство на земјите од Западен Балкан

Од:

ЕУ повеќе не може да се согласи да обезбеди гаранции за идното членство на шесте балкански земји на кои им беше ветено место во блокот, објави Ројтерс.

Ројтерс се повикува на четворица неименувани дипломати и внатрешен документ и тврди дека ЕУ тоа го прави од страв од политички реакции од земјите -членки.

Застојот околу прогласувањето на самитот на ЕУ и лидерите на Балканот, на 6 октомври, ја претставува најслабата точка на стратегијата на ЕУ за воведување на Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија во блок, што, како што е наведено, се совпадна со ескалација на тензиите на административната линија меѓу Србија и Косово.

На самитот, ЕУ има намера да го повтори ветувањето од пред 18 години за „давање недвосмислена поддршка на европската перспектива на Западен Балкан“, стои во нацрт -декларацијата на самитот од 11 септември, во која британската агенција имаше увид.

Дипломатите велат дека биле одржани најмалку две рунди преговори кои не резултирале со договор.

Државите на ЕУ не сакаат да ги откријат своите ставови, пренесува Ројтерс, додавајќи дека богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на сценариото за забрзано пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година и лошото управување со миграцијата на работниците од Источна Европа кон Британија, што се проценува дека сврте многу Британци против Унијата.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан