Работата во ноќна смена ја намалува шансата за забременување?

Од:

Жените кои работат во ноќна смена имаат дури за 80 отсто помала шанса да забременат, тврди ново истражување на Универзитетот во Саутхемптон.

Нередовното спиење и ноќната работа носат ризик од спонтани абортуси, нередовни мензиси и проблем со плодноста. Работничките во ноќна смена се во најголем број случаи меѓу онаа група на жени кои се обидуваат да забременат дури повеќе од една година.

Истражувањето на примерок од 100.000 жени покажало дека секоја работа што не подразбира регуларни дневни смени носи со себе ризик од нарушувања на менструалните циклуси за пет отсто. Кога станува збор за спонтани абортуси, тогаш тие се за една третина почести отколкукај жените кои работат дневна смена.

Доктор Линден Стокер изјави дека причина за тоа може да биде нарушувањето на производството на хормони, температурата на телото, крвниот притисок и бројот на отчукувањата на срцето. Меѓутоа, Стокер смета дека не треба да се исклучат и останатите фактори, како што е нередовна и нездрава исхрана во ноќните часови.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска