Кошаркарите на ТФТ Скопје загубија попладнево од унгарски Седек со 92-76 (50-43) во четвртфиналната пресметка за место во групната фаза во ФИБА Еврокупот.
Нашиот тим на квалификацискиот турнир, што според систем на елиминација, се игра во рускиот град Краснодар, одржуваше резултатска неизвесност до воведните минути од третата четвртина (52-48). Сепак, Седек не дозволи изненадување и со подобра игра во вториот дел забележа сигурен пласман во полуфиналето.
Американецот Амир Смит со 23 и неговиот сонародник Ландрис Хортон со 21 поени беа најефикасни во редовите на ТФТ.