Иран го одби пристапот на американските инспектори до нуклеарниот комплекс во Карај

Од:

Иран денеска го отфрли повикот на САД да им дозволи на инспекторите на Обединетите нации пристап до нуклеарниот комплекс во иранскиот град Карај.

Официјален Техеран објави дека Вашингтон, кој не го осуди диверзантскиот напад врз тој објект, не е квалификуван да бара инспекциски надзор, јави иранската државна агенција ИРНА.

– Земјите кои не ги осудија терористичките акти на иранската нуклеарна локација не се квалификувани да коментираат за тамошните инспекции, рече Мохамед Еслами, шеф на иранската Организација за атомска енергија, за време на посетата на Москва.

САД вчера соопштија дека Иран мора да престане со забрана на нуклеарната агенција на ОН да пристапува до постројката за производство на центрифуги за збогатување ураниум во Карај, во согласност со договорот од пред две недели, или во спротивно ќе се соочи со дипломатска одмазда.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија