Унгарија го повика украинскиот амбасадор поради спорот околу договорот на Будимпешта со Газпром

Од:

Амбасадорот на Украина беше повикан во Министерството за надворешни работи на Унгарија во врска со постапките на Киев во однос на договорот што Будимпешта го склучи со руската државна корпорација „Газпром“. Ова се наведува во изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, објавена на неговата Фејсбук страница.

„Дејствата на украинската Влада против овој договор преку Европската комисија се крајно безобразни“, се вели во текстот и се додава: „Украина нема никаква врска со она за што преговараме“.

Сијарто нагласи дека Будимпешта ги доживува таквите потези на Киев како „кршење на суверенитетот (на Унгарија) и интересите на неговата национална безбедност“.

– Го повикавме амбасадорот на Украина во Министерството за надворешни работи, рече тој.

Сијарто го нарече потегот на Киев „непријателски“, истакнувајќи голем број мерки за поддршка што Унгарија претходно и ги пружи на земјата, вклучително и обезбедување „апарати за дишење, медицинска опрема, воена помош, детска рекреација и финансирање инвестиции“.

Унгарија вчера потпиша нов долгорочен договор за снабдување со гас со „Газпром“, заобиколувајќи ја Украина. Документот го потпишаа челниците на „Газпром“ и енергетската компанија МВМ во Министерството за надворешни работи на Унгарија. Украина ги откажа состаноците на меѓувладината комисија пред потпишувањето на договорот меѓу Унгарија и Русија.

Унгарија од 1 октомври ќе почне да прима гас од „Газпром“ преку Турски поток, кој минува низ Бугарија и Србија, и гасоводи во Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина