Арсовска: Бесплатен јавен превоз за сите скопјани

Од:

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше најавено денеска на прес конференцијата што ја одржа кандидатката за градоначалник Данела Арсовска. Со ова решение беше презентиран еден од 15+1 проекти од нејзината програма и истото се однесува на проблемот со загадениот воздух, подобрување на хаосот со транспортот во главниот град и воведување сообраќаен ред.

Кандидатката за градоначалник објасни дека вакви решенија има досега во Франција, каде во повеќе од 30 општини тоа веќе функционира. Во 2013 година во Естонија, Талин стана првиот главен град на ЕУ што направи промена, а минатата година Луксембург, со население од 626.000 жители, стана првата земја што понуди тотално бесплатен јавен превоз.

„Ако може тоа да функционира некаде, зошто не кај нас? Сведоци сме на лошо работење на ЈСП поради непродуктивни трошоци, не постоење на систем за брз и ефикасен превоз. Решението за БРТ ниту е добро, ниту пожелно за Скопје и со него ама баш ништо не се решава, туку само дополнително се комплицира. Ќе се преместуваат мостови, ќе се сечат дрвја по Партизанска, ќе се направи гломазен нефункционален систем. Секогаш одиме по комплицираниот пат кога пред нас имаме едноставни решенија. Време е тоа да престане“, порача Арсовска.

За неа ова решение е единствено за сите скопјани, за сите населби, што не е случај со БРТ каде се изоставуваат приградските населби.

„Кога имате брз и ефикасен бесплатен превоз, секој од нас наместо да користи автомобили ќе го користи овој превоз, а со тоа значително ќе се намали загадувањето“, смета Данела Арсовска.

Таа најави и воведување на ноќни линии посебно во викенд и воведување на нови автобуски линии и нови постојки. Голем број од линиите ќе бидат и зачестени и проширени во својот дофат.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска