Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 263 возачи.
– Од нив, 22 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 101 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 162 надвор од населено место, соопштија денеска од МВР.
Засилените акциски контроли, најавуаат, продолжуваат и во наредните денови.