Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре претпладне ќе допатува во Тирана.
По официјалниот дочек, во Палатата на бригадите, таа прво ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа во претседателската резиденција и со шефот на државата Илир Мета.
Претпладне Лајен и Рама ќе учествуваат на свеченото предавање во употреба на реконструирани училиште и градинка, оштетени од катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди на 26 ноември 2019 година.
Истите се обновени со средства од фондовите на ЕУ во рамки на програмата ” EU4Schools”.
По овој настан со Рама ќе имаат заедничка прес- конференција, а потоа Лајен заминува за Скопје.