Чешка застарениот советски противоздушен систем ќе го замени со израелски „Спајдер“

Од:

Чешката Влада денеска соопшти дека од Израел купила четири системи за противвоздушна одбрана „Спајдер“, со што планира до 2026 година да ја замени застарената опрема од советско производство.

Чешкиот министер за одбрана. Љубомир Метнер, изјави дека вредноста на договорот за набавка на опремата од израелската државна компанија „Рафаел“ изнесува околу 540 милиони евра.

Според договорот, чешките компании ќе учествуваат во производството на противвоздушните системи со повеќе од 30 проценти од нивната вредност.

Министерството во соопштението додава дека проучувала девет различни системи од седум производители.

„По споредбите се чини дека израелскиот „Спајдер“ е најдобар. Тоа е решение прилагодено на чешките потреби, споредливо со стандардите на НАТО и предвидува учество на чешката индустрија”, се наведува во соопштението.

Министерот за одбрана го пофали купувањето на системите како уште еден чекор во замената на системите од Советскиот Сојуз од 1970-тите, што „повеќе не ги исполнуваат денешните стандарди во воздушната одбрана“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски