Полска планира да ја продолжи вонредната состојба на границата со Белорусија

Од:

Полскиот министер за внатрешни работи и администрација Мариуш Камињски најави дека Владата ќе ја продолжи вонредната состојба поради зголемениот бран бегалци, која е на сила од 2 септември, во појасот широк три километри на границата со Белорусија.

– Притисокот врз границите на Литванија и Летонија е намален и се сконцентрира на Полска. Ќе и предложам на Владата да ја продолжи вонредната состојба. Ситуацијата е многу напната, се случуваат провокации, инциденти со учество на членовите на белоруските вооружени сили. Не зборувам за некакво бегалско движење, туку за масовна илегална миграција со политички мотиви, рече Камински на прес-конференција.

Според најновите податоци презентирани од Камињски, од август се евидентирани 9.400 обиди за илегално преминување на белоруско-полската граница, од кои 8.200 се спречени, а 1.200 странци кои се обиделе да влезат на тој начин во Полска се приведени.

– Материјалите што ви ги прикажуваме се од телефони на 50 луѓе, тие беа делумно уништени, но полските служби успеаја да ги вратат. Материјали кои сведочат за радикализам се пронајдени кај 50 лица, станува збор за млади луѓе со борбена обука кои учествувале во разни вооружени формации на Блискиот Исток, рече Камињски.

Европската комисија препорача Фронтекс да биде ангажиран на границата со Белорусија, но полските власти одбија.

Владата на премиерот Матеуш Моравиецки, како и властите на балтичките републики, ги обвинуваат Белорусија и нејзиниот претседател Александар Лукашенко дека од ова лето отвориле нова мигрантска рута, бидејќи организирано масовно ги повикуваат мигрантите од Азија и Африка, давајќи им визи без проблем.

За продолжување на вонредната состојба полската Влада ќе одлучи во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња