Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во периодот од 20.09.2021 до 26.09.2021 била спроведена контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 25 возачи.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.